Груби е на распит во Обвинителството откако денеска беше уапсен на граница

Од:

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска е спроведен на распит во Основното јавно обвинителство, откако претходно помина неколку часа во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Груби беше приведен на граничен премин по неговото враќање во земјава, по повеќе од една година престој во странство. За него претходно беше определена мерка притвор во отсуство.

Истрагата што ја води скопското Обвинителство се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако, според наводите, институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Тој е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.

Од Обвинителството најавуваат дека по распитот ќе информираат за понатамошните чекори во постапката.

Би можело да ве интересира

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски