Гром запали шест века стар Даб

Од:

Споменик на природата заштитен со закон за малку ќе настрадаше од неа, подпомогнат од негрижата на луѓето. Гром удри во шест века стариот даб кај кочанското село Бели, по што дрвото се запали.

„ Громот удрил околу десет часот. Кога дојдовме дабот целиот гореше. Тоа беше вистинска катастрофа“, раскажува Здравко Данилов, домаќин на манастирот во кој се наоѓа дабот.

„За оваа интервенција искористивме околу 20 тони вода, што е прилично голема количина, но имајќи го во предвид фактот дека се работи за споменик на природата, мислам дека вреди“, изјави Дејан Арсов од противпожарната единица на Кочани.

Но, громот не е единствената причина за пожарот. И овојпат причина е човечкиот фактор. Некој во неговото стебло оставил боци од пур пени и други хемиски средства, кои по електричното празнење предизвикале експлозија.

„Громот сам нема да го запалеше дрвото, само тоа боците што ги оставале, тоа направи проблем. Тоа е опасна работа“, вели Данилов.

Се уште е неизвесно дали дабот ќе успее да преживее иако шумарските експерти се оптимисти. Натмошната судбина на овој повеќевековен споменик на природата, кој е еден од најстарите дрва во Македонија, сега е во во рацете на Заводот за заштита на природните реткости. Она што се поставува како прашање е ќе се бара ли одговорност за човечката негрижа и кој ќе одговара што споменикот на природата се користел како магицин или отпад за запаливи материи.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје