Гром усмрти маж во прилепско

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с.Мажучиште, Општина Прилеп.

За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка.

Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Активни се четири пожари: Гори кај Дојран, Велес, Македонски Брод и близу Велес

ЦУК: Активни се пожарите близу Велес, Македонски Брод и кај Василево

ЦУК: Пет пожари им задаваат маки на противпожарните служби

ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари

А1он

Активни се четири, а под контрола се шест пожари

Горан Наумовски

Седум пожари се активни, а четири се под контрола

Горан Наумовски