Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

Од:

Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане.

Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари.

Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца жители од селото. Интервенцијата траела од 15:10 до 19:55 часот.

Од ТППЕ информираат дека пожарот е целосно ликвидиран и не постои опасност од негово повторно активирање.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола