Грковска: „Една точка на услуги“ обезбедува брза и ефикасна испорака на повеќе од 70 услуги за граѓаните

Од:

Во рамки на повеќебројните работни активности на Меѓувладината работна група за унапредување на соработката во ЕУ интеграцијата, зелените политики, доброто владеење и дигиталната трансформација, кои денеска се одржаа во Скопје, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и колегите од бугарската делегација, предводена од вицепремиерката за добро владеење Калина Константинова го посетија Центарот за услуги „Една точка на услуги“, каде се запознаа со функционалноста на овој сервис на граѓаните, кој обезбедува брзи и функционални услуги од повеќе институции.

Вицепремиерката Грковска, која и самата ја испроба постапката за вадење на документ на еден од шалтерите, истакна дека едношалтерскиот систем нуди можности за брзо и ефикасно аплицирање и испорачување на повеќе од 70 услуги за граѓаните од различни институции на само едно место.

„Дигиталните услуги и имплементацијата на механизми за нивна ефикасна испорака до граѓаните се од исклучителна важност и значително го скратува времето и процесот на изготвување на документи од сите области. Преку овој систем, јас денеска за помалку од една минута го добив својот документ – Потврда за работен стаж“, посочи Грковска.

Во рамки на работниот состанок со делегацијата од Република Бугарија, вицепремиерката Грковска додаде дека Владата и нејзиниот Кабинет продолжува со комплетната посветеност на креирање добри политики во интерес на граѓаните кои се од суштинско значење за подобро системско функционирање.

Би можело да ве интересира

Процедурата за 45 нови возила кои Владата ќе ги купи на лизинг е ефикасна и законска, смета Грковска

A1on

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

A1on

Грковска: Потребни се храбри луѓе на сите нивоа за да се справиме со корупцијата

Грковска: Лицата ставени на црната листа на САД не треба да бидат ниту на јавни функции ниту кандидати за јавни функции

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

A1on

Грковска: Сѐ уште има доволно време случаите од СЈО да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура