• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

by А1он13/03/2025 - 17:24205
Share0

Од 3 до 9 март во државава се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 8,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период од минатата сезона е зголемен за 5,5 пати, а во споредба со бројот за истиот период од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 78,3 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Добивај вести на вибер

Пријавен бил уште еден смртен случај асоциран со грип.

– Се работи за лице на возраст од 82 години од Скопје, кое било хоспитализирано во КБ – Штип. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена influenza А(H3), појаснуваат од Институтот.

Од новозаболените, во однос на возрасната дистрибуција, 1.454 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 516 на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 198 лица, а 179 се деца на возраст до четири години.

– Највисока инциденца (240,2/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години, а кај децата до четири години, инциденцата изнесува 185,5/100.00. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 931, Битола – 202, Куманово – 176, Струмица – 112, Тетово – 105, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто, појаснуваат од ИЈЗ.

Во пет извештајни единици била регистрирана многу ниска, во шест – сезонска, во 15 – средна, во една – висока, а во Дебар и Ресен – многу висока активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 22.291, покажуваат податоците.

– Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 19,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле четири починати лица асоцирани со грипот.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со 10-та недела, во Република Северна Македонија вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

gripijz

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:51

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:01

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски14/01/2026 - 21:3014/01/2026 - 21:31

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он08/01/2026 - 15:3008/01/2026 - 15:32

Андоновска: Доколку продолжи растот на грипот, второто полугодие може да се одложи

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:13

ИЈЗ: Само во „Димо Хаџи Димов“ се најдени патогени бактерии

Горан Наумовски01/12/2025 - 18:1001/12/2025 - 18:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен