Греувски на собраниска седница ги предложи новите министри и заменици

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никиола Груевски на денешната 55. собраниска седница врз основа на неговите ингеренции, како што рече, предложи тројца нови министри на три различни позиции, чии што биографии им беа поделени на пратениците.

– Сметам дека врз основа на нивното образование и досегашно работно и професионално искуство овие предлози за нови министри ќе можат успешно да ја спроведат програмата на Владата 2011-2015 година, а со тоа и успешно да ја извршуваат функцијата министри во Владата, рече Груевски и побара предлозите да бидат прифатени од пратениците.

Веднаш по обраќањето на премиерот Греувски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, даде едночасовна пауза, по што ќе продолжи 55.седница.

Собранието денеска се очекува да го изгласа Фатмир Бесими за вицепремиер за евроинтеграции, Талат Џафери за нов министер за одбрана, додека на местото министер за локална самоуправа Тахир Хани.

Пратениците треба да се изјаснат и за замениците министри за внатрешни работи, за транспорт и врски, и за финансии, на кои функции според предлогот на премиерот Никола Груевски, ќе бидат Земри Ќамили, Џељаљ Бајрами и Ардиан Џеладини.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада