Греувски: Делчевци да се определат за опцијата што носи развој

Од:

Делчевци масовно да излезат на гласање на локалните избори на 24 март и да се определат за опцијата што носи развој и го исполнува дадениот збор.

Таков повик упати вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва во Делчево.

Груевски побара доверба за кандидатот за градоначалник Дарко Шехтански и за листата за советници, чиј носител е Драган Христов, бидејќи, како што истакна, тие ќе бидат партнери на Владата за остварување на програмата во периодот од 2013 до 2017 година.

– Со таа програма е предвидено изградба на технолошко-развојна зона покрај патот за граничниот премин Црна Скала. Ќе инвестираме во изградбата на таа и на економската зона „Долни Бавчи”, со цел во нив да привлечеме странски, но и домашни инвеститори, кои овде ќе лоцираат нови фабрики и ќе отвораат нови работни места, рече Груевски.

Според него, од конкурентската политичка опција досега имало само закани и лажни ветувања, но без конкретни програми и конкретни дела.

Кандидатот за градоначалник, Шехтански ги претстави своите планови за натамошен развој на инфраструктурата на општината и за отворање нови работни места.

Вети над стотината конкретни проекти, меѓу кои и реконструкција на патот Делчево – Голак, регулација на коритото на Брегалница, изградба на филтер станица…..

На митингот беше истакнато дека во изминатите четири години во тек на мандатот на досегашниот градоначалник Горан Малешевски, се изградени нови детски игралишта, патишта до повеќе населени места, мост на реката Желевица, кај село Тработивиште, спортски сали за средното училиште „Методија Митевски – Брицо“ и основното училиште „Св. Климент Охридски“, како и голем број реконструирани улици и објекти.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“