Грција испраќа помош за поплавените подрачја во Македонија

Од:

По налог на грчката Влада, попладнево во Македонија ќе биде доставен првиот дел од помошта на Грција за катастрофата предизвикана од поплавите на 6 август, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Генералниот секретаријат за заштита на граѓаните со помош на противпожарната служба испраќа пет преносливи пумпи и пет генератори за да им помогне на луѓето погодени од поплавите.

Грчкото МНР уште соопшти дека во тек се консултации меѓу Министерството за цивилна заштита и македонското Министерство за внатрешни работи за дополнителна помош, која на македонските власти им е потребна за да се одговори на потребите на погодените во поплавите.

Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека преку Механизмот за цивилна заштита од ЕУ, донацијата од Грција ќе пристигне околу 16:30 часот.

Донацијата ќе ја предаде заменик амбасадорот од амбасадата на Грција во Скопје, а на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат и претставници од Владата на Република Македонија. Ќе биде предадена во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населбата Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Со ова започнува пристигнувањето на очекуваната помош преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија чија членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување, посочуваат од Дирекцијата.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава