Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота

Од:

Атина ја испрати Вербалната нота до Скопје, потврдуваат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и на Грција. Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да ѝ предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.

Во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломатскиот кор.
Вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителката на должност во канцеларијата за врски на Македонија во Грција, Лидија Бошковска, беа пречекани и поздравени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

На приемот, освен дипломатскиот кор и Павлопулос и Ципрас, беа присутни голем број министри од грчката Влада, меѓу кои и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос,
министерот за одбрана Евангелос Апостолакис и неговиот заменик Панајотис Ригас, заменик-шефовите на грчката дипломатија Маркос Боларис и Теренс Куик, министерката за цивилна заштита Олга Геровасили, министерот за поморство Фотис Кувелис, но и поранешни шефови на дипломатијата и поранешни претседатели на грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Нова вербална нота за Бугарија: МНР реагира на територијалните претензии кон Македонија

МНР ги достави вербалните ноти до ОН за настанатите промени со името

Сандра Бошковска

Потврдени намерите за отворање нов граничен премин со Грција во Преспанскиот регион

ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“

Бизнис форум во Атина – Стопанските комори и бизнисмените од Македонија и Грција го скршија мразот во директната деловна комуникација

Наум Локоски