Грчките медиуми за распуштањето на Собранието

Од:

„Распуштено Собранието во Северна Македонија“; „Северна Македонија: Предвремени парламентарни избори на 12 април“; „И официјално оди кон избори Северна Македонија“; „Северна Македонија: Распуштено Собранието – предвремени парламентарни избори“, се дел од насловите во грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот на АНА-МПА, пишува дека за распуштањето на Собранието „гласаа пратениците од сите партии“ и дека изборите ќе се одржат на 12 април 2020 година.

-Одржувањето предвремени парламентарни избори, побара минатиот октомври, тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, по одбивањето на Европскиот совет да започнат пристапните преговори на Европската унија со Северна Македонија, пишува грчката новинска агенција.

Паралелно, во посебни извештаи, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајнен, за време на неформалната работна вечера во Брисел за Западен Балкан.

-Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајнен изјави дека сака балканските земји да се поврзат колку е можно потесно со Европската унија, обидувајќи се да ја сменат атмосферата на разочараност поради инсистирањето на претседателот на Франција Емануел Макрон да не одобри почеток на интегративниот процес, пишува АНА-МПА.

-Европски извор објасни дека целта на оваа неформална работна вечера беше „да започне политички дијалог на највисоко ниво со Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна гора и Босна за да се сфатат нивните очекувања пред да започнат подготовките за самитот во Загреб на 17 мај“, пишува „Катимерини“ во текстот во кој користи информации од грчката, германската и француската новинска агенција.

Во продолжение, ги пренесува и изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кои лошото време во Брисел и тешкотиите со кои се соочија при слетувањето, метафорично ги искористија за да се осврнат на европскиот пат на двете земји.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада