Грчки медиуми: Владејачката партија на Груевски ја потврди победата на локалните избори во Македонија

Од:

Владејачката партија го потврди триумфот на вчерашниот втор круг од локалните избори во Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски победи во повеќето од 30-те општини каде вчера се одржа втор круг од локалните избори, пишува „Нафтемборики“. Владиниот коалициски партнер ДУИ победи во општините каде Албанците се мнозинство.

Владејачката партија на Никола Груевски доминираше во повеќето градови од земјата на вчерашниот втор круг од локалните избори во Македонија, јави телевизијата Мега.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски , очекувано беше реизбран за градоначалник на Скопје и во вториот круг освои 63,5 проценти од гласовите, наспроти 36,3 проценти за кандидатот на опозицискиот СДСМ Јани Макрадули.

Грчките медиуми исто така информираат дека ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг победи и во другите големи градови како што се Битола и Велес, додека СДСМ победи во Куманово.

Генерално, во првиот и вториот круг од локалните избори, кандидатите на владејачката партија победија во 56 општини, додека кандидатите на опозицискиот СДСМ на Бранко Црвенковски победија само во четири општини, нагласуваат грчките медиуми.

Во Грција исто така се пренесува и дека во говорот по полноќ Груевски изјави дека дека изборите беа слободни и целосно демократски и зборуваше за „историската“ победа на неговата партија, додека лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски рече дека изборите биле далеку од слободни и демократски.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски