Грчки државјанин на полицаец му понудил поткуп од пет евра

Од:

На наплатна рампа Демир Капија синоќа полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за ГР Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Имено, Г.К. кој управувал товарно возило „сканија“ со полуприколка при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад.

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, од кој се добиени насоки лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.

Би можело да ве интересира

Сопственик на компанија му понудил поткуп на полицаец, па завршил во станица

Горан Наумовски

Кривична пријава против двајца полициски службеници поради примање поткуп

Предраг Петровиќ

Партиски функционер во Кина примил поткуп, осуден на доживотен затвор

Горан Наумовски

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Командир во тетовска касарна побарал поткуп од 4.000 евра за да унапреди војник

Горан Наумовски

МВР: Полицаец земал 70 евра поткуп од возач на автобус