На две места во Македонија во еден ден пронајдени експлозивни направи – гранати за кои се утврдило дека датираат од прва и втора светска војна.
Во првиот случај гранатата била пронајдено во стар помошен објект во Куманово.
„ На 16.04.2024 во 13.06 часот во СВР Куманово, Г.К.(61) од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Во вториот случај гранатата е пронајдена во близина на туристичката населба Отешево.
„ На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено дека место викано „Черти камен“ во близина на туристичка населба Отешево, ресенско, била подигната артилериска граната калибар 75.мм од Прва светска војна.“, велат од МВР.