Со граѓански пријави до поефикасна администрација на Град Скопје

Од:

Жителите кои не се задоволни од работата на администрацијата на Град Скопје од денеска можат да пријават до внатрешната контрола на е-маил адресата [email protected].

– Пријавете доколку Вашиот предмет не се сработува брзо, на време и пријавете доколку чувствувате дека имате непринципиелни побарувања од градската администрација, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во петокот, кога го промовираше воведувањето внатрешна контрола во работата на градската администрација.

Во Град Скопје првпат се воведува внатрешна контрола со цел обезбедување поголема ефикасност во работата и подобри и навремени услуги за сите граѓаните.

Покрај спречувањето на можноста за одолговлекување на постапките во Градот, со оваа реформа ќе се воведе и можност за следење и на ефикасноста на секој вработен во градската администрација. Внатрешната контрола на овој начин ќе води досиеја за секој вработен.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош