Граѓански организации побараа да се деблокира Комисијата за избори и именување

Од:

Десет мрежи на граѓански организации денеска побараа итно да се деблокира работата на собраниската Комисија за избори и именувања, поради што не може да се избераат органи и тела во повеќе државни институции.

Тие испратија писмо до пратениците во кое бараат Собранието итно и неодложно, а најдоцна до распуштањето на актуелниот собрански состав да ги заврши постапките за избор и именување на членови на Комисија за заштита од дискриминација, директори на Дирекцијата за заштита на лични податоци, на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен каратктер, на Државниот завод за ревизија. Бараат да се избере и Програмски совет на МРТ, членови на советот на АВМУ, тројца членови на Судскиот совет, претставниците на здруженијата на граѓани во надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата и народниот правобранител, како и членови во Комисијата за доделување на државната награда „Мето Јовановски“.

Граѓанските организации укажуваат дека блокадата на Комсиијата за избори и именувања може да предизвика огромни последици во функционирањето на институциите.

Како примери ги посочија неназначувањето тројца членови на Судкиот совет, со што постои можност да застарат постапките за разрешување на некои судии, како и проблемот со Државниот завод за ревизија, кој е се уште без раководство и му се заканува целосна блокада.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба