А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓански организации бараат поголем број патронажни сестри во здравствените домови

by А1он28/06/2016 - 14:0893
Share0

Доволен број патронажни сестри да се вработат во здравствените домови особено во општините Шуто Оризари, Делчево, Пехчево, Виница, Прилеп, Битола, Гостивар и Тетово, во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата да се обезбедат средства за едукативни работилници за детско здравје и вакцинација во ромски и рурални средини, да се овозможи нивно соодветно спроведување и да се воведе систем на координација меѓу матичните гинеколози, породилиштата и патронажната служба.

Добивај вести на вибер

Ова се дел од барањата на граѓанските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Центарот за демократски развој и иницијативи, НВО КХАМ и Ромскиот ресурсен центар, кои ги презентираа денеска на прес-конференција на тема „Националните политики за унапредување на здравјето на мајките и децата не допираат до ранливите заедници и Ромите“.

Според нив, ромската заедница се уште се соочува со проблеми при обезбедување квалитетна, достапна и навремена здравствена заштита за жените и децата.

Тие бараат да се усвои единствен Правилник за работата на патронажната служба во кој ќе бидат дефинирани нејзините надлежности со посебен осврт на посетите во ромските и руралните средини, да се воведе поголема контрола врз работата на патронажната служба и да се формираат тимови за континуирано теренско откривање на невакцинирани деца во најмаргинализираните ромски и рурални средини.

Според наодите на граѓанските организации, поголем број од жените Ромки за време на бременоста не се посетени од страна на патронажна сестра, а во првата година по породувањето во просек се посетени само два до три пати, а активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата наменети за ромски средини се избришани од Програмата за 2016 година. Тие наведуваат дека буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата континуирано се намалува, а работата на патронажната служба во однос на посетите на жени за време на бременоста, како и една година по породувањето не е регулирана со документ.

dom

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

Горан Наумовски26/08/2025 - 14:41

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски23/08/2025 - 10:4523/08/2025 - 10:56

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски20/08/2025 - 14:1620/08/2025 - 14:16

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:08

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он24/07/2025 - 18:54

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 19:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен