Граѓанска иницијатива „Гостивар кој го сакам“: Ситуацијата со бездомните кучиња е алармантна

Од:

Од Граѓанската иницијатива “Гостивар кој го сакам” велат дека еден од многуте проблеми што претставуваат загриженост за жителите на Гостивар, е неконтролираното присуство на бездомни кучиња.

„Не сакаме да отстраниме или додадеме елементи од реалноста на терен. Можете да забележите ситуацијата е алармантна. Заедно можеме да заклучиме дека прогласените засолништа од општинското раководство се нефункционални. Засолништата се речиси празни, на кучињата не им е обезбедена ниту храна, а уште помалку медицинска нега или хигиенски услови. Ние како Иницијатива сме ангажирани да обезбедиме решенија со конкретни резултати што е можно поскоро. Нашата визија е поврзана со неопходноста од решавање на овој проблем, почнувајќи од акциониот план за управување со бездомни кучиња, преадаптација на Центарот за нивно хумано однесување, социјализација и ветеринарна медицинска нега“, велат од Иницијативата.

Тие велат дека не се согласуваат со сегашното раководство споед кое направени се чекори за надминување на проблемот, бидејќи реалноста била поинаква.

„За да се создаде вистинска слика, Граѓанската иницијатива за Гостивар што го сакаме, ќе организира петиција со граѓаните на Гостивар, за да ги прашаме тие дали се задоволни од моменталната состојба, и дали изразуваат подготвеност да придонесат за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Од денес и во наредните денови, членовите на Иницијативата ќе ги пречекаат во нашите канцелари и жителите на Гостивар, но исто така ќе излеземе на терен да ја спроведеме петицијата“, велат од Иницијативата.

Би можело да ве интересира

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

Љубе Крстевски не се чувствува виновен за убиството на кучето Феликс

A1on

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче