Граѓанска иницијатива „Да ја спасиме Попoва Шапка“

Од:

„Свесни дека живееме во една природна убавина како што е Шар Планина кој што го допира и нашиот град.

Свесни за здравствено, еколошко, туристичко и економско значење која поседува Попова Шапка.

Загрижени од несовесноста, неодржливоста, заборавените инвестиции, уривање од една од најпознатите рекреативни места од поранешна Југославија и тоа од самите локални и државни институции.

Ние граѓаните од чиста совест, кои сакаме Попова Шапка да ја гледаме што подобро, почиста, поуредена со стандарди, поискористена во еколошки, туристички, рекреативен и спортски аспект.

Со една иницијатива да спротивставиме секое лошо што му се случува на овој туристички центар.

Собрани по граѓанска иницијатива со мотото „Да ја спасиме Попoва Шапка“ го изразуваме нашата загриженост за уништување на туристичкиот центар во овие 15 години, оставајќи го без ниту една инвестиција, без никаква инфраструктура, без одржување, без никаков конкретен проект, во смисла без никакво модернизирање на туристичките капацитети.

Попова Шапка е претворена во трпеза каде што не се знае кој јаде и кој пие, претворено е во место каде секој прави тоа што сака и мисли, краде колку што може, вработува и отстранува од работа кој кого сака, го искористуваат максимално и без да се преземе иницијатива за да се обновува, чисти, да биде привлечна и профитабилна, од здравствен, спортски, туристички и економски аспект.

Нашите активности ќе бидат од најразлични, почнувајќи од оваа прва Прес Конференција за јавност, продолжувајќи со следни собири и состаноци со граѓаните.

Ги повикувам сите граѓани, интелектуалци, правници, економисти, експерти за туризам да ни се придружат и да ни дадат поддршка на оваа иницијатива со мотото „За спасување на Попова Шапка“, велат од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попoва Шапка“.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

Орце Костов

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Попова Шапка утрово -13 степени

СДСМ: ДПМНЕ и БЕСА да ја поништат одлуката за рушење на верското обележје на Шапка

Катерина Ѓуровски

Тетовска епархија добила решение за отстранување на крстот на Попова Шапка, ќе поднесат жалба