Граѓаните реагираат на сеча на дрвја во центарот на Куманово

Од:

Жителите на Куманово на социјалните мрежи споделувајќи слики и снимки реагираа на сеча на дрвја, на две липи во централното градско подрачје. Од општината денеска, изјавија дека дрвјата се исечени бидејќи се проширува улицата поради проширување на автобуски постојки на улицата „Гоце Делчев“.

Граѓаните ги информираа медиумите, укажувајќи дека во градот нема доволно зеленило со кое се прочистува возухот, особено на таа улица во централното градско подрачје, а долголетните дрвја создаваа и сенка во летните месеци.

– Оваа сеча е поради проширување на улицата, односно ќе се гради автобуска постојка, што значи дека просторот за пешаци и велосипедисти ќе се намали или ќе го снема како и дрвата, на сметка на автомобилскиот сообраќај, напишаа граѓаните во информацијата доставена до медиумите.

Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека на оваа улица ќе се прошири автобуската постојка, бидејќи сегашното застанување на автобусите од градскиот превоз предизвикува сообраќаен метеж токму во овој централен дел од градот. Тој најави дека ќе бидат засадени нови дрвја и на оваа и на други локации, што е дел од акцискиот план за намалување на аерозагадувањето.

– Во рамки на подготвка на проектот за изработка на две нови постојки на улицата „Гоце Делчев“, неминовно беше да се отстранат дрвјата. Општината презема обврска да насади нови квалитетни листопадни садници и на местото на исечените дрвја и долж улицата и ќе ги реобнови склонопадните дрвја, изјави Димитриевски.

За идната година, во рамки на долгорочниот план, спорд градоначалникот, пет проценти од вкупниот буџет на капитални инвестици ќе бидет инвестирани за озеленување на градот, со висококвалитетни садници на повеќе локации, проект кој ќе се реализира со ЈП „Чистота и Зеленило“ . Претходно, потсети Димитриевски, општината заедно со АРМ и училиштата насади садници и формираше зелен појас во населбата „Гоце Делчев“ а акции за озеленување имаше и на други локации во Куманово.

Би можело да ве интересира

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски