Граѓаните од денеска ги преземаат личните работи од трагедијата во „Пулс“

Од:

Одделението за внатреши работи Кочани информира дека врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16 март 2025 година, од денеска започна постапка за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.

– Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 2.3.2026 до 6.3.2026, во времето од 9 до 18 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12. Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот, а кои им припаѓаат на повредените и на починатите лица – информира ОВР Кочани.

Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, наведуваат од ОВР Кочани.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски