Граѓаните на протест пред куќата на убиецот на кучето Идриз еден месец по убиството

Од:

Еден месец по ладнокрвното убиство на кучето Идриз, граѓаните повторно протестираа пред куќата на човекот кој го уби. Иако МВР поднесе кривична пријава против убиецот на кучето, 45-годишниот С.Х. од Скопје за делото „мачење животни“, се уште нема никаков исход.

Според членот 233 од Кривичниот законик, за мачење животни, осомничениот ќе добие парична казна или затворска казна до шест месеци.

Инаку, кога С.Х. го извршил делото, присутните во угостителскиот објект реагираа, а потоа се организираа и протести пред куќата на пријавениот на кои дел од граѓаните заработија кривични поради тоа што фрлале со јајца по куќата на убиецот на Идриз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Мирен протест на граѓани на местото каде што беше убиен Идриз

Ана Ололовска

Спонтан собир на граѓани пред куќата на убиецот на кучето Идриз

Ана Ололовска

Парична казна за приведените на протестот против убиецот на кучето Идриз

А1он