А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓаните на Македонија ќе може да играат игри на среќа на интернет

by А1он08/12/2012 - 13:25177
Share0

Граѓаните на Република Македонија од наредната година ќе може да играат интернет игри на среќа организирани од домашен субјект во земјава.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова, како што соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, го овозможуваат новите измени на Законот за приредување игри на среќа и забавни игри со кој се предвидува формирање државна интернет лотарија, во која ќе учествуваат со 51 отсто државата преку Државната лотарија на Македонија и приватен капитал со 49 проценти.

Странскиот партнер ќе се бара преку меѓународен тендер што треба да се распише по усвојување на измените на Законот во Собранието на Република Македонија, кој пак предвидува почетокот со работа на ова друштво на здружување да е во рок не подолг од една година од денот на донесување на Законот.

Во заедничкиот потфат државата, односно Лотарија нема да вложува средства, туку ќе го вложи правото на организација на игри на среќа, а приватниот инвеститор ќе биде должен да инвестира финансиски средства, опрема, хардвер, софтвер, ноу хау, кадар. – Ќе бидат поставени високи стандарди со цел привлекување реномиран странски партнер во оваа област, додаде Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој истакна дека со тоа што досега во Македонија не беа организирани интернет игри на среќа граѓаните ги играа преку интернет за странски субјекти со што според некои проценки се одлеваа десетици милиони евра.

– Сега со приредувањето интернет игри на среќа од домашен субјект, односно од државата ќе има регулација на системот, средствата нема да се одлеваат од државата, затоа што странските интернет игри на среќа не би биле дозволени, што значи дека средствата ќе остануваат во државата, а државата ќе остварува приход од даноци, рече Ѓорѓиев и додаде дека ќе има и можност за повеќе средства за специјалните ставки на Лотарија кои ги дава за спорт, здравство и слично.

Дополнително, како што истакна, европската практика покажала дека по регулацијата на оваа област покреј овие ефект се дестумилира играњето на среќа и паѓа бројот на играчи за околу 10 отсто.

– Со овој проект државата нема никакви финансиски импликации и нема трошење на средствата од државниот буџет за инвестицијата, туку со формирањето и почетокот на работа на ваков субјект ќе се остварат дополнителни приходи кои би биле од интерес за граѓаните, истакна владиниот портпарол.

vlada

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто