Граѓаните може да платат 1,3 милијарди евра за грешките на политичарите: Нови арбитражни постапки против Македонија

Од:

Арбитражните постапки кои се водат против државата, а се координирани од телото за арбитражни постапки во моментов се со проценета вредност од над 1,3 милијарди евра, истакна вицепремиерот за економски прашања и координатор, Фатмир Битиќи.

Групациата „Амадеус и Амадеиус Девелопмент дооел“„ за случајот „шпански скали“ за кој се води и судски процес има арбитражна постапка против Република Македонија и таа бара надомест за прекршување на билатералниот договор кој го имаме со владата на Република Албанија односно оштета за наводно претрпена штета која се проценува на 110 милиони долари.

– Групацијата била одговорна за изградба на комерцијална зграда и хотел, а дозвола барала за изградба на проект „Шпански скали“. Тужителот тврди дека општина Центар му забранила да гради и покрај дозволата за градба од 2015 година – рече Битиќи.

Втора постапка е од страна на италијанска фирма „ФЦЛ Амбиенте“ . Во 2011 година Град Скопје ја избрал оваа компанија за партнер кој ќе работи со ЈП „Дрисла“. Фирмата се стекнала со 80% од уделот во ЈП „Дрисла“, а Град Скопје се стекнал со 20% удел. Управниот суд во 2018 година пресуди и го поништи решението за избор на „ФЦЛ Амбиенте“ за приватен партнер за управување со депонијата Дрисла. Во 2020 година „Дрисла доо“ повторно се трансформира во јавно претпријатие за што италијанската фирма поведе арбитражна постапка.

– Овие постапки имаа голем интерес. Несовесното раководење, договорите во четири очи и негрижата за јавното добро ја изложуваат нашата држава на ризици и парите на граѓаните. Сега ќе треба парите да се користат за одбрана на интересите на државата во меѓународните спорови. Преземени се сите правни дејствија и затоа е формирано координативно тело за следење на кативностите поврзани со меѓународни арбитражи кое јас го водам – додаде вицепремиерот.

Би можело да ве интересира

Поради која арбитражна постапка Македонија треба да плати 450 милиони долари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Битиќи: Политиките на Мицкоски се неуспешни, тоа го потврдува и Светската банка

(ВИДЕО) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

Горан Наумовски

Мицкоски се кити со туги перја обвини Битиќи за германско-белгиската инвестиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Битиќи: Зголемувањето на бројот на министерствата носи неефикасност, нема придобивки за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он