А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Граѓаните по шести пат бираат претседател на државата

by Мери Јордановска21/04/2019 - 08:0021/04/2019 - 08:24454
Share0

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат го бираат претседателот на државата.

Добивај вести на вибер

Гласачите ќе бираат меѓу тројца кандидати зад кои стојат политички партии, но сите тројца во кампањата се декларираа како натпартиски. Двајца од кандидатите се мажи, а една е жена и ова е вторпат во историјата на земјава жена да влезе во трка за претседател откако во 2009 година Мируша Хоџа не влезе во вториот круг на изборите.

Согласно Изборниот законик, во првиот круг еден кандидат може да стане претседател само ако освоил мнозинство од гласовите од вкупниот број запишани гласачи, плус еден.

Ова значи дека победникот на изборите во првиот круг треба да добие најмалку 904.066 гласови.

Доколку не се случи тоа, се одржува втор круг на избори, каде излезноста треба да е 40 проценти за да може да се избере претседател, односно на гласање треба да излезат најмалку 723.253 гласачи. Вториот круг на изборите во случајов би се одржал на 5 мај. Доколку не се постигне цензусот од 40 посто излезност, изборите се повторуваат.

Како што информираше Државната изборна комисија (ДИК) за изборите се акредитирани вкупно 3.094 домашни и 419 меѓународни набљудувачи како и 289 преведувачи, а изборниот ден ќе го следат и 16 набљудувачи на ЕУ и парламентарното собрание на Советот на Европа. Тие ќе бидат распоредени во вкупно 80 општински изборни единици. Најмногу набљудувачи ќе има граѓанската асоцијација „МОСТ“ – 1.500 кои ќе бидат распоредени на 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок. Меѓународната набљудувачка мисија ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи изборниот процес со 240 набљудувачи.

Вчера се гласаше на 32 гласачки места во конзуларно-дипломатските претставништва на земјава, во казнено поправните установи, а правото на глас го остварија и болните и изнемоштени лица.

Постигнувањето на цензусот се смета како еден од најголемите проблеми во овој изборен процес. Иако дел од политичарите од власта изразуваа уверување дека цензусот ќе биде постигнат, сепак во игра се размислиувањата за во иднина да се олесни процесот на избор на претседател што е веќе препорачано од ОБСЕ/ОДИХР. Постојат две опции – претседателот да се избира на избори без потребно мнозинство на излезност во вториот круг или пак избор на претседател во Собранието.

Сепак, во случајов непостигнувањето на цензусот, би значело вовед кон предвремени парламентарни избори во септември, нешто што го најавуваа и двете најголеми политички партии. Впрочем, за ова сведочеше и кампањата на кандидатите, која повеќе наликуваше на вовед во предвремени парламентарни избори и од експертската јавност беше оценета како некреативна и неиновативна, со отстуство на конкретни идеи и решенија кои би се реализирале од идниот шеф на државата.

Мери Јордановска

izboripretsedatelski izbori 2019

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0019/10/2025 - 15:08

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски19/10/2025 - 16:3219/10/2025 - 16:33

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Горан Наумовски19/10/2025 - 14:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен