Граѓани: Kоја е таа пуста потреба на оваа власт да сече дрвjа и да уништува зеленило?

Од:

Општина Аеродром денеска почна со доизградба на пешачката патека „Тоше Проески“ од Ново Лисиче кон населбата „Јане Сандански“. Истовремено ќе се обнови и веќе постојната пешачка патека.

Пешачката патека со широчина од 7 метри ќе содржи два краци од кои едниот е долг 552 метри, а другиот 252 метри.

detska ulicka-aerodrom

Постојната, како и новата пешачка патека ќе бидат поплочени со гранитни плочи, ќе бидат комплетно осветлени, ќе се постави урбана опрема, поточно клупи и канти за отпадоци, а ќе биде изграден и сопствен систем за наводнување на зеленилото околу патеките. Времето предвидено за изградба е три месеци.

Граѓаните пак имаат свое гледање на ова. Еве ги коментарите објавени на ФБ:

  •  Половина зеленило отиде. Не ни мораше да се шири оваа улица.
  •  Ставете клупи и лилашки, чешми каде што нема, а не да уништуватезеленило. 
  •  Не знам која е таа пуста потреба на оваа власт да сече дрва и да уништува се што е природа.
  •  Зашто вакви коментари нема за Детската Улица во Ново Лисиче? Ова е тој македонски менталитет, за се што се гради, да се плука по тоа, а трагичното е што баш таквите утре со своите деца ќе шетаат на таа детска улица најмногу!
  •  Што не ги прашате децата дали сакаат парки или скапи гранитни плочки?
  •  Најтрагичното е што за разлика од Ново Лисиче каде зелениот простор е поширок и има место за детската уличка…во делот на Аеродром зградите се повнатре во зеленилото изградени…и кога ќе сместиш меѓу нив детска уличка од 7 метри ќе нема веќе зеленило…туку мали тревничиња. А што ќе се случи со паркинзите и кошаркарското игралиште? Ќе се рушат ли?
  • Со цел памет уништувате зеленило?
  • Која глупост!
  • На кој му текна ова, секоја чест. Во дел каде што на 5 метри ширина има патеки, сега ќе се прави уште една, тотално непотребна 7 метри широка патека
  • 7 метри широчина…Детска улица е ова или детски булевар?
  • Има еден тон патеки за шетање!

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот