Граѓани и фирми од Скопје должат за вода над 50 милиони евра

Од:

Граѓаните на Скопје должат на ЈП „Водовод и канализација“ околу 38 милиони евра, а стопанските субјекти кои работат во скопскиот регион 15 милиони евра. Ова го посочи директорот на тоа Јавно претпријатија Александар Атанасов на денешната прес-конференција на која ги повика граѓаните да ги плаќаат сметките во предвидениот рок.

Атанасов ги повика граѓаните да ги плаќаат сметките во предвидениот рок и посочи дека слаба наплата има во Сарај, Чаир и во руралните средини околу Скопје.

Според него има подобрување со наплатата и оти во моментов се на терен во Шуто Оризари каде очекуваат, исто така, подобрување на наплатата.

На прес-конфернецијата информира дека се гради нов водовод во Шуто Оризари, инвестиција вредна околу три милиони евра, а во кои претпријатието учествува со 33 отсто или 78 милиони денари кои годинава ќе ги инвестираат во проектот. Изградбата почна лани и досега се завршени 45 отсто од работите.

Прес-конференцијата беше по повод промовирањето нови униформи за шалтерските работници и инкасатори.

Вработените ќе добијат летна и зимска варијанта на униформата која се состои од палто, панталони и кошула во темно сина боја. На палтото има лого од претпријатието, а вработените ќе носат и картичка која ќе ги содржи нивното име, презиме и логото на претпријатието. Оваа инвестиција чини 3,8 милиони денари.

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Александар Атанасов информира дека целта на ова униформирање на нивните вработени произлегува од поплаките на граѓаните кои не можеле да ги препознаат инкасаторите или да ги најдат. Тој додаде дека имало и случаи каде инкасаторите се соочувале со одредени проблеми и не биле пуштани во домовите. Според него, вработените добија нови квалитетни и удобни униформи.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“