Градските улици и булевари во Скопје посипани со 180 тони сол

Од:

Зимската служба на Град Скопје изминатава вечер фрли околу 180 тони сол на градските булевари и улици. Во текот на ноќта екипите интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот, информираат од Град Скопје.

Оттаму потенцираат дека вчеравечер пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода го посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој ја координираше работата на екипите на Зимската служба.

Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

– Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините со поголема ажурност да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините со цел непрекинато собирање на комуналниот смет, порачуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он