Градскиот дувачки оркестар доби нови униформи

Од:

Градскиот дувачки оркестар денеска одржа парада и концерт во градскиот трговски центар со што воедно беа промовирани новите зимски униформи на оркестарот. Парадниот концерт на оркестарот беше придружен со настап на мажоретки од балетското студио „Еурека“.

Новите зимски униформите се креација на модната куќа „Елена Лука“ и  според скопскиот градоначалник Коце Трјановски, се соодветни за  оркестар од ваков тип.

????????????????????????????????????

– За набавка на овие  униформи Градот потроши 400.000 денари, а планираме во иднина да распишеме тендер и за летни униформи. Сите метрополи и поголеми градови во Европа и светот имаат свои оркестри и ние сме горди што и градот Скопје има свој оркестар кој со разновидната  програма, карактеристичното чекорење низ улиците и низ плоштадите на градот, естетскиот изглед за кој придонесуваат новите униформи за миг ги оттргнуваат присутните од секојдневието, рече градоначалникот Трајановски.

Градскиот дувачки оркестар функционира во рамки на Младинскиот културен центар, а Град Скопје секоја година за него од Буџетот издвојува по 1,5 милиони денари.  Оркестарот е составен од 28 члена, кои се професионални музичари или студенти на Факулетот за музичка уметност.Настапува на сите манифестации во Скопје за одбележување  значајни датуми на градот, како и државни празници на разни  локации, плоштади, трговски центри, паркови…

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ