„Градски Енергетски Системи АД Скопје“ ново јавно претпријатие на Град Скопје

Од:

Со одлука на Советот на Град Скопје, се основа новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, информираат од Град Скопје.

Советот во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од пет члена. Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење.

Со преземањето на топловодната мрежа, како што се посочува од Град Скопје, започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања