Градот Скопје реагира на обвинувањата на СДСМ

Од:

Градот Скопје реагира на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ, од Инџиково, а на која се зборуваше за натпатникот што треба да ги поврзе населените места Инџиково и Хиподром.

Во продолжение реакцијата:

Почитувани, Вие најверојатно ја читате Интернет-страницата на бирото за јавни набавки каде што пишува дека е во тек тендерот на Град Скопје за избор на изведувач за изградба на овој пешачки натпатник. Претходно, за овој натпатник беше направен проект и беше завршена целокупната документација. Реализацијата на овој проект треба да почне по завршувањето на законските процедури за избор на изведувач.

Изградбата на овој натпатник стои и во предизборната програма на градоначалникот Коце Трајановски што всушност е доказ дека она што е ветено во предизборниот период се остварува.

Почитувани господа во СДСМ,

Сакаме да Ве прашаме зошто не се грижевте за граѓаните од Инџиково и Синѓелиќ кога се давеа во фекалии поради несреќно почнатиот фекален колектор кој го оставивте да завршува среде Инџиково. Овој проект беше довршен од страна на градоначалникот Коце Трајановски на крајот на 2009 година, за што беа вложени околу 120 милиони денари.

Сакаме да нагласиме дека изнесувањето паушални и непотврдени информации не придонесува за создавање добар имиџ кај граѓаните. Напротив, граѓаните добро се сеќаваат кој и колку вложил за подобрување на условите во кои што живеат.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски