Градот Скопје ќе ја помогне изградбата на новата градинка во Капиштец

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска одржаа прес-конференција на која говореа за постапката за изградба на нова градинка во населбата Капиштец, Општина Центар.

Како што информираше министерот Јанакиески, Владата на Република Македонија на последната седница донела одлука за давање на право на трајно користење земјиште кое е во сопственост на Република Македонија на Општина Центар со цел изградба на детска градинка.

– Станува збор за локација во населбата Капиштец, предвидена со Детален урбанистички план за населба „Капиштец”, донесен од 21.12.2012 година од Советот на Општина Центар. Согласно ова, градежната парцела бр 7.4 е предвидена за изградба на објект В2 – Здравство и социјална заштита (детска градинка). Површината на парцелата изнесува 5.320 квадратни метри. На оваа локација во моментов се наоѓа детската градинка ЈДУГ „Кочо Рацин”, којашто е во сопственост на општина Центар и на местото на матичниот објект е предвидена изградба на новата детска градинка, изјави Јанакиески.

Градоначалникот Трајановски на прес-конференцијата кажа дека Градот Скопје ја поздравува оваа иницијатива, која е по барање на жителите на Капиштец.

– Градот Скопје изградбата на овој објект ќе ја помогне со ослободување на обврската на Општина Центар од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за оваа детска градинка. Со ова Градот Скопје ќе ја помогне изградбата на овој објект кој е од јавен интерес и е од исклучителна важност за Градот Скопје, општина Центар и населба Капиштец, кажа Трајановски.

Министерот Јанакиески и градоначалникот Трајановски дадоа целосна поддршка за овој проект и упатија апел до Општина Центар да ја започнат што поскоро изградбата на овој важен инфраструктурен објект.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски