Градот Скопје ја зголемува финансиската поддршка за првиот семеен центар

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов денеска го посети Првиот семеен центар на Град Скопје кој што функционира во рамките на проектот „Советувалишта за превенција од употреба на дроги и семејно насилство“, поддржан од здружението на граѓани Х.Е.Р.А. Шилегов најави дека Градот Скопје наредната година ќе ја зголеми финансиската поддршка на овој центар која ќе изнесува вкупно 1.500.000 денари.

– Овој семеен центар е единственото бесплатно советувалиште за жртвите и сторителите на семејно насилство, каде што со нив се работи по специјализирана програма за третман. За изминативе 4 години постоење, повеќе од 600 корисници добиле услуги од центарот, од кои најголемиот број биле жртви на семејно насилство. Градот Скопје сега ги зголемува средствата наменети за поддршка на семејниот центар за 700.000 денари повеќе од оваа година, со што вкупните средства за финансиска поддршка издвоени од буџетот на Градот за 2018 година изнесуваат 1.500.000 денари – рече денеска Шилегов.

Тој нагласи дека Скопје како град на солидарноста продолжува во континуитет да се грижи за своите сограѓани кои се соочуваат со ваков тип проблеми.

– Вложуваме максимални напори да ги зголемиме ефектите од превенцијата од употреба на дроги и семејно насилство, а со тоа уште еднаш подаваме рака на ранливите категории граѓани – потенцира градоначалникот Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски