Градот Скопје ја повика министерката за култура лично да гарантира за безбедноста на Универзална сала

Од:

Градот Скопје јавно упатува покана до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе и се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала.

„Министерката како застапник на овој спорен проект за реконструкција на Универзална сала веројатно не е информирана и воопшто нема познавања за состојбите. Доколку по средбата се уште смета дека стариот проект може да продолжи, да потпише изјава со која лично ќе гарантира за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзалната сала и за безбедноста на скопјани“, велат од Град Скопје.

„Врз основа на направениот увид во сите записници и техничка документација, составувани уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје, утврдени се сериозни грешки и недостатоци во проектот за реконструкција на Универзална Сала со импликации по безбедноста на објектот, но пред се, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. Тоа се записници од луѓе кои раководеле со Градот во време на владеење на СДСМ и Шилегов.

Политички е крајно неодговорно од власта да се пласираат дезинформации, знаејќи дека нивните кадри носеле одлуки и отпочнувале половични проекти со сериозни недостатоци кои значат опасност по безбедноста на граѓаните. За ова говорат и сите официјални извештаи кои биле донесени токму во мандатот на претходното раководство на Град Скопје, додека се извршувале градежни активности за реконструкција на Универзална сала под сомнителни и небезбедни околности“, соопшти Град Скопје.

„Упатуваме апел до централната власт и СДСМ да се стави крај на овие политички препукувања и секојдневни напади кон Град Скопје и градската администрација со цел собирање политички поени, а на штета на граѓаните. Граѓаните бараат работа, посветеност и град кој ќе биде во служба на решавање на нивните проблеми и токму тоа е она на кое што оваа градска администрација посветено ќе работи во овој четиригодишен мандат. А безбедноста на граѓаните е пред се’.

Враќање во функција на Универзална сала како значајно обележје за Скопје и скопјани беше едно од ветувањата и е дел од програмските активности на новото градско раководство и истото ќе биде реализирано, но со максимална заштита на интересот и безбедноста за граѓаните“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски