Градот Скопје изрече опомени на лицата од импровизираните живеалишта

Од:

Тргнувајќи од фактот дека Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот, комуналните инспектори на Градот извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта.

По извршениот увид на терен, тие констатираа нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота, и согласно со Одлуката за комунален ред во Градот Скопје, им изрекоа опомена на лицата коишто се населени во близина на НБРМ, пред зградата на АСТЕРА и лицата лоцирани под Кале, соопштуваат од Град Скопје.

Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Градот Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски