Градот Скопје беше дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Од:

Градот Скопје вчера вечер беше дел од „Часот на планетата Земја“ – најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.

Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.
Акцијата „Часот на планетата Земја“ траеше од 20:30 до 21:30 часот, каде илуминацијата беше исклучена на следните локации во центарот на градот: улицата Македонија, палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, Паркот „Жена борец“ и спомениците, плоштадот „Филип Втори“, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

Покрај исклучувањето на илуминацијата на овие објекти, на настанот се изведе и преформанс со 300 свеќички на улицата Македонија.

Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите,… Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од ОН. Целта е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет. Градот Скопје беше дел од акцијата „Часот на планетата Земја“.

Скопје, 20 март 2016 (МИА) – Градот Скопје вчера вечер беше дел од „Часот на планетата Земја“ – најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.

Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.
Акцијата „Часот на планетата Земја“ траеше од 20:30 до 21:30 часот, каде илуминацијата беше исклучена на следните локации во центарот на градот: улицата Македонија, палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, Паркот „Жена борец“ и спомениците, плоштадот „Филип Втори“, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

Покрај исклучувањето на илуминацијата на овие објекти, на настанот се изведе и преформанс со 300 свеќички на улицата Македонија.

Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите,… Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од ОН. Целта е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош