Градот Скопје апелира да престане палењето и уништувањето на контејнерите

Од:

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.

„Во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери. Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие.

За да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати – да не ги фрлаат на јавните површини и да не ги оставаат до садовите за собирање на комуналниот отпад. Јавното претпријатие на граѓаните им нуди можност кабастиот отпад да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, или во претоварната станица што се наоѓа во Шуто Оризари. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош