Градоначалникот Трајковски се сретна со учесниците во проектот „Европски вредности“

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска се сретна со гостите од Бугарија, Романија, Италија, Литванија, Турција и Македонија, учесници во проектот „Европски вредности“ Еразмус 2 – Стратешко партнерство меѓу училишта и градинки.

Гостите, како што соопшти општина Гази Баба, имаа можност да поминат неколку дена во нашата држава и да разменат искуства со градинката „Детска радост“.

На средбата градоначалникот Трајковски истакнал дека општина Гази Баба е отворена за соработка и за континуирана поддршка на ваков тип проекти. Ја истакнал можноста за збратимување со некоја од општините од земјите на кои припаѓаат учесниците во овој проект.

– Основната цел на проектот е едукација на децата за европски празнувања, вклучување на родителите во одбележувањето на празниците, размена на идеи и искуства, соопшти општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга