Градоначалникот Трајановски се сретна со евроамбасадорот Орав

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска се сретна со  шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав.

Трајановски и Орав, соопшти Град Скопје, разговараа за одличната досегашна соработка на повеќе полиња од кои, како што рече градоначалникот, поважни се договорот што Градот Скопје го потпиша со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за кредит во вредност од 5,6 милиони евра кои Градот Скопје ги користи за модернизација на контролата на сообраќајот и за реконструкција на улицата „Првомајска“, една од клучните сообраќајници во Скопје.

Финансирањето на ЕБОР, како што се наведува во соопштението, се надоврзува на програмата на ЦИВИТАС „Renaissance“, финансиран од ЕУ со која се иницираше модернизацијата на сообраќајниот систем во Скопје, што има за цел да обезбеди безбедност во сообраќајот, како за возачите така и за пешаците во главниот град на Македонија, но ќе го намали времето на патување, како и загадувањето.

Согласно со Договорот склучен меѓу Градот Скопје и делегацијата на Советот на ЕУ во Македонија, а со средства добиени од ИПА Програмата на ЕУ во износ од 35.000.000 денари (околу 570.000 евра),  по претходно изготвен изведбен проект, беше завршена реконструкција на покривот на Младинскиот културен центар-Скопје, како и реконструкција на надворешна фасада и поставување на современа термоенергетска фасада, со замена на постојните прозори и надворешни врати, како и реконстуркција на санитарните јазли и тоалетите.

На средбата, градоначалникот Трајановски и евроамбасадорот Орав се заложија за продолжување на соработката и одржување на добрите меѓусебни релации. Орав ја искористи можноста да му го честита на Трајановски реизборот за градоначалник, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

По 20-ти пат ќе се гласа – ќе се набават нови еко автобуси во Град Скопје или не

(ФОТО) Наезда на глувци во Скопје – Општините се должни да побараат вонредна дератизација, зградите да си ги чистат подрумите

Анита Петровска Рајковиќ

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски