Градоначалникот Трајановски го посети Геронтолошкиот завод

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на Советот Ирена Мишева денеска ги посетија корисниците на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ при Одделот за стари лица Мајка Тереза.

Трајановски потсети дека Град Скопје поддржува повеќе активности кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на оваа категорија граѓани-бесплатен јавен превоз во вторник, петок, сабота и недела.

– Покрај овие денови за Одделот „Мајка Тереза“, Град Скопје обезбеди и 50 неперсонализирани електронски картички за јавниот градски превоз, за период од едена година. На ваше барање поставивме нова автобуска постојка, нови клупи и го уредивме дворот, рече Трајановски, кој годинава на корисниците на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ им подари ЦД плеер.

Тој истакна дека Град Скопје обезбедува и организиран превоз до излетнички дестинации на подрачјето на главниот град или на територијата на Република Македонија со што, како што рече, е овозможена поголема социјализација на старите лица. Во Буџетот на Град Скопје во 2017 година за оваа намена издвоени се 1.000.000 денари.

Раководителот на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ Јорданчо Јосифов му се заблагодари на градоначалникот Трајановски за поддршката и како благодарност од името на корисниците му подари икона Св.Кузман и Дамјан и еден пар рачно плетени чорапи од станарка на заводот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски