Градоначалникот Талески врачи решенија за легализирани објекти во Битола

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска врачи решенија за легализирани објекти на повеќе битолски семејства кои имаа отпочнато процедура за легализација на своите објекти пред надлежните органи.

На денешната средба со новинарите Талески истакна дека досега општината издала над 2.000 решенија со што се вбројува во една од најдобрите општини во државата.

– Во Битола се евидентирани над 12.500 барања, но најголем дел од нив се со нецелосна документација. Денес доделивме 17 нови решенија со кои се легализираат нови објекти кои на сопствениците им овозможуваат сигурност и можност за преземање други мерки. Овие објекти ќе бидат впишани во деталните урбанистички планови, истакна градоначалникот Талески.

Постапката за легализација на објекти согласно законите во општина Битола ќе биде интезивирана за што во локалната самоуправа се обучени посебни тимови за брза обработка во општинската администрација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија