Градоначалникот Шилегов и претседателката на советот Јанчева во посета на Подгорица

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, престојуваа во еднодневна официјална посета на градот Подгорица, Црна Гора, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Подгорица.

Во Подгорица Шилегов и Јанчева положија цвеќиња на Споменикот на партизанот борец на ридот Горица, присуствуваа на свечената седница на Советот на Град Подгорица, како и на откривањето на споменикот на Јосип Броз – Тито во паркот на брегот на Морача.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и оваа година одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка во повеќе области, особено во областа на културата, уредувањето на просторот, прашањата од комуналната сфера, туризмот и заштитата на животната средина.

Делегација од градот Подгорица предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ во ноември годинава присуствуваше на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан