Градоначалникот не е златна рипка

Од:

Денеска беа презентирани резултатите од анкетата: „Ставовите на граѓаните за приоритетите, знаењата, довербата и важноста на понудите на политичките партии на локално ниво, во врска со локалните избори 2013 година“.

Оваа анкета е дел од проектот на АГТИС, МКЦ и 7 партнерски организации, со наслов “Градоначалникот не е златна рипка”, кој е финансиски поддржан од НЕД, чија цел е да ја подобри структуираната и точна информираност на граѓаните за понудите на партиите и кандидатите за градоначалници.

Истражувањето е спроведено врз граѓаните во 9-те општини од Пелагонискиот регион, по случаен примерок од 944 испитаници.

Основно истражувачко прашање е дали граѓаните им веруваат на програмите на политичките партии или нив ги сметаат за нешто номинално, кое се прави како (веќе) фолклорен елемент на самите избори.

Критичка анализа на резултатите.

Граѓаните повеќе од порано ги знаат надлежностите на општините, но сепак процентуално – недоволно. Исто така, тие не се сигурни во своите знаења за надлежностите на ЛС.

Граѓаните генерално не им веруваат на програмите на партиите и мислат дека партиските и личните интереси се основа за креирањето партиски програми.

Најголем дел граѓани мислат дека партиите не ги интересира мислењето на граѓаните, а средбите се користат за политичка агитација.

1. Првиот дел од анкетата се однесува на прашањето дали граѓаните биле прашани од партиите за одредување приоритети, како и на изворите на информирање на граѓаните. Така, 33 % испитаници одговориле дека се контактирани од партиите. Од градските средини, најмалку се контактирани граѓаните на Битола (18%), додека Прилеп (30%), Ресен (32%), Крушево (32,5%) имаат слична распореденост на контактираните.

2. На разни средби чуле за понудите 41,8% испитаници а 58,2% не биле на такви средби. Најмногу се среќавале во Кривогаштани (скоро 88%), Новаци (60%) и Могила (60%), Додека во градовите тој процент се движи околу 50 %, но во Прилеп е 35% и во Битола 28,6 %.

Во просек, повторно најмногу граѓаните се контактирани од политичките парии за јавни средби (27%), додека во Урбаните или месните заедници присуствувале 14%, на невладини собири 9%, во општинската сала 13 % од анкетираните.

3. Анкетираните во 74,4% мислат дека таквите контакти и посети не се прават за да се чуе нивното мислење, а спротивно мислат 25,6%.

Ветувањата на кандидатите од својата општина испитаниците ги чуле во 42,6 % на ТВ, 27,4% на партиски митинг, 22,7 % при непосредни средби со граѓани, на фејсбук 19,1%, во весници прочитале 14,6%, а дека никаде не чуле, ниту виделе одговориле 13,1%. И овде се гледа дека лавовски дел од информирањетого завршува телевизијата, а читањето весници е доста опаднато, во споредба со порано, за сметка на фејсбукот, кој добива висок значај. Во Битола најмногу се информираат преку ТВ (64,7%), исто и во потоа Новаци и Могила (60%), па во Прилеп (59,6%) и Ресен (59,5%), а најмалку овој медиум го користат во Кривогаштани (12%) и Демир Хисар (17%).

На митинзи најмногу оделе во Могила (60%), Демир Хисар (40,5%) и Долнени (38,2%), а најмалку во Битола (18%) и Прилеп (19,1%) од испитаниците.

Партиските веб страници се посетуваат најмногу во Битола (10,6%).

На програмите на кандидатите за градоначалници им веруваат 17%, делумно им веруваат 37%, а не им веруваат 46%. При тоа најмногу веруваат во Новаци (30%), Ресен (23%), во Прилеп (18,5%) и Битола (18%), а најмалку им веруваат во Долнени (6%) и Демир Хисар (10%). Најголема недоверба во програмите имаат во Могила (55%), Долнени (53%), па Битола (50%), Прилеп (48 %), Крушево (47,5%), Ресен (46%).

На прашањето “Дали мислите дека кандидатите ветиле она што е најважно за вашата општина”, потврдно одговориле 30,1%, дека не знаат 28,3%, а дека не го ветиле најважното одговориле 41,6% испитаници, а по градови најголем процент од 44,7 има во Кривогаштани и Ресен (42,2%). Највисоките одречни одговори се во Крушево (52,5%), Битола (47,7%) и Прилеп (46%).

На прашањето “На што се базираат партиите, кога ги креираат програмите”, лавовски дел земаат одговорите дека партиските (36,4%) и личните интереси (37,8%) се база на програмите. Дека тоа се криминалните интереси одговориле 14,1% анкетирани, желбите на граѓаните се база на програмите одговориле 14,8% испитаници. Дека постои влијание на идеолошката ориентација во програмите одговориле 6,4%, и 13,5% испитаници мислат дека советите на експертите се клучни.

Дека градоначалниците можат да го остварат ветеното се изјасниле 39,1% од испитаниците, а највисок резултат има во Прилеп (49,7%), Битола (43,46%), Ресен (40,3%), и Могила (40%).

Кога се анализира заради што не можат да ги остварат ветувањата, анкетираните мислат дека е тоа така заради тоа што премногу ветиле (51,5%) и дека политичарите не ги занима да ги остварат ветувањата (29,7%). Дека немањето доволно пари мислат 27% од анкетираните, дека причината е во недостаток на стручни лица во општините рекле18,4 % и дека немаат добри проекти 10,2%.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар