Градоначалникот на Скопје се сретна со холандскиот амбасадор

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп.

Како што соопшти Град Скопје, Трајановски на амбасадорот Воутер Пломп му посакал успешна работа и престој во Скопје и Македонија.

На средбата се разговарало за досегашната соработка на Градот Скопје со амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, која двајцата соговорници ја оцениле како одлична, изразувајќи надеж дека и понатаму ќе продолжи да се развива.

На средбата се дискутирало и за состојбата и развојот на локалната самоуправа, децентрализацијата и преостанатите предизвици со кои се соочуваат општините во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он