Градоначалникот на општина Гази Баба се сретна со претставници од КУД

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски се сретна со претставници од културно уметничките друштва, кои учествуваат на осмиот меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2017″.

На фестивалот, како што информираат од општина Гази Баба, учествуваат играорци од КУД „Ера” од Република Србија, КУД „Цепелиа” од Република Полска, Куд „Разиграна Македонка” од Австралија, КУД „Атакој” од Турција, КУД „Дорулетул” од Романија, КУД „Седенка” и Ансамблот за народни песни и игри од Република Македонија „Јонче Христовски”.

На средбата со градоначалникот, како што информираат, разговарале за регионите од кои потекнуваат, специфичностите по кои се одликуваат како и за нивната култура и традиција.

Присутните искажале благодарност за приемот, задоволство од посетата на Градот Скопје и изразиле надеж дека ќе продолжат да ја одржуваат пријателската атмосфера.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица