Градоначалникот на Неготино се сретна со лозарите

Од:

Градоначалникот на Неготино Тони Делков денеска се сретна со лозарите кои веќе неколку дена протестираат пред винарската визба „Повардарие“, поради недоисплатени пари за предадено грозје во изминатите неколку години.

– Останувам доследен во заложбите за исполнување на барањата на лозарите, а тоа е исплата на парите за предаденото грозје од претходните реколти, рече тој, нагласувајќи дека останува до крај зедно со лозарите.

Според него, заедно со Владата, прават се што е во нивна моќ конечно лозарите да ги добијат своите пари.

– Пред некој ден бевме во посета на лозарите пред „Повардарие“ заедно со Ленче Николовска, советник за земјоделство на премиерот. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски оствари серија средби со структурите од „Повардарие“ и постојано се прават напори да се врши исплата на парите за откупеното грозје, информира Делков.

Посочо дека досега се исплатени средства од околу 2,3 милиони евра и се настојува останатиот дел од неисплатените средства ,во што е можно пократок рок да легне на сметка на лозарите.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски