Градоначалникот на Неготино на средба со ученици од спорната екскурзија во Италија

Од:

Градоначалникот на Неготино Тони Делков денеска во својот кабинет, на нивно барање, прими ученици од двата класа од Гимназијата, чии класни раководители се разрешени по спорната екскурзија.

Состанокот бил побаран по синоќешната родителска средба на двата класа, со барање, под итно да се стопира процедурата за смена на двете класни раководителки.

-Тој ги ислуша нашите барања и рече дека нема ингеренции да се меша во внатрешната структура на гимназијата. Потенцираше дека е на наша страна и во најскоро време ќе организира состанок со тој што ги лоцирал “виновниците”. Делков рече дека не ги познава нашите класни раководители, но вели дека некој мора да сноси одговорност. Потврди дека имаме право на жалба и дека ќе не поддржи во понатамошните постапки. Тој, исто така, рече дека ја слушнал снимката на која се слуша како едната класна раководителка вели дека нема да се буни што учениците се оставени, информира за МИА Мартин Арсов, ученик во трета година.

Според него, градоначалникот не бил голем оптимист дека може да се смени нешто, но рекол дека вреди да се направат обиди во тој правец.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите