Градоначалникот на Дојран Стамов на форум во Анакара

Од:

Од денеска до 14-ти септември, градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов ќе престојува во турската престолнина Анкара на која ќе учествува во работата на форумот на тема „Предизвиците на младите учесници во локалната демократија“ кој се одржува во организација на Советот на Европа.

Форумот во чија што работа учествуваат претставници од младинските совети на општините од 47 земји членки на Советот на Европа, има цел да ги лоцира и разгледа проблемите во младинското раководење на општинско ниво и да помогне во решавањето на специфични прашања за секој регион.

Форумот во Анкара ќе ги промовира Европските вредности и главните документи на Советот на Европа за младински прашања како и учеството на младите во локалниот и регионалниот живот.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска