Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

Од:

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски смета дека постапил согласно законот и оти нема злоупотреба при вработувањето административен службеник во 2018 година, за што денеска му беше поднесена кривична пријава.

-Селекцијата на кандидатите по јавниот оглас не ја врши општината, туку исклучиво Агенцијата за администрација преку Комисија формирана со решение на директорот. Таа комисија ја води целата постапка од административната селекција, преку испитот и проверката на доставените докази, до интервјуто. По завршувањето на сите фази, јас сум законски обврзан да го изберам прворангираниот кандидат, истакна Трајковски.

Тој објасни дека во конкретниот случај, избраното лице било единствен и прворангиран кандидат, по што градоначалникот донел Одлука за избор и Решение за вработување, во целост почитувајќи ја законската процедура. Градоначалникот потенцираше дека нема законска обврска лично да врши увид во доставената документација, бидејќи таа надлежност и одговорност ја има исклучиво комисијата на Агенцијата за администрација.

-Сакам да нагласам дека нема никаква злоупотреба на службената положба. Постапив во согласност со законот и врз основа на завршената селекција спроведена од Агенцијата за администрација, додаде Трајковски.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски (54), поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, Трајковски во 2018 година донел незаконска одлука за вработување на кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи