Градоначалникот Чадиев врачи нови 30 решенија за легализација на дивоградби

Од:

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска врачи 30 решенија за легализација на дивоградби.

Со оваа мерка на Владата на Република Македонија, истакна тој, на брз и едноставен начин за само 1 евро од метар квадратен им се овозможи на граѓаните да си обезбедат трајна сопственост над имотот.

– Легализацијата е од огромна полза за сите граѓани на Велес затоа што по нејзиното завршување општината ќе пристапи кон втората фаза, а тоа е внесување во деталните урбанистички планови на сите бесправно изградени легализирани објекти. Така ќе имаме и вистинска слика за состојбата со инфраструктура и за потребата од нејзино проширување, потенцира Чадиев.

Во Општина Велес досега се легализирани повеќе од 1.200 бесправно изградени објекти.

– Од вкупно поднесени 7.800 барања, од моето доаѓање на функцијата градоначалник бројот на легализирани објекти изнесува повеќе од 150. Во наредниот период исто така со забрзано темпо ќе продолжиме во овој правец како би се зголемила динамиката на решени случаи, рече тој.

Тој упати апел до граѓаните кои немаат доставено елаборати за легализација на објектите истите да ги достават што е можно поскоро. Доколку ова не го решат граѓаните до јуни 2014 година под знак прашалник ја ставаат легализацијата на нивните објект.

Би можело да ве интересира

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски